02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЗАПОЧНА ПЕРЕЊЕ, ДЕЗИНФЕКЦИЈА И ЗАМЕНА НА КОНТЕЈНЕРИТЕ ВО ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

ЗАПОЧНА ПЕРЕЊЕ, ДЕЗИНФЕКЦИЈА И ЗАМЕНА НА КОНТЕЈНЕРИТЕ ВО ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Во текот на денешниот ден, во општината Ѓорче Петров, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започнаа акција за перење и дезинфекција на сите поставени контејнери за исфрлање на комуналниот отпад со зафатнина од 1,1 м3.

ЗАПОЧНА ПЕРЕЊЕ, ДЕЗИНФЕКЦИЈА И ЗАМЕНА НА КОНТЕЈНЕРИТЕ ВО ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

 

Во текот на денешниот ден, во општината Ѓорче Петров, екипите на ЈП Комунална хигиена“-Скопје започнаа акција за перење и дезинфекција на сите поставени контејнери за исфрлање на комуналниот отпад со зафатнина од 1,1 м3.

За оваа цел, контејнерите се транспортираат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, каде што се врши нивно перење, дезинфекција и репарација, по што истите се враќаат на  постоечките микролокации.

 Пред самото враќање на садовите за исфрлање на отпадот, екипите вршат комплетно перење и на џебовите на микролокациите, со помош на автоцистерни.

Покрај перењето и дезинфекцијата на контејнерите во оваа скопска општина,  ЈП Комунална хигиена“-Скопје во текот на целиот ден ќе врши и замена на старите и дотраени садови со комплетно нови садови за исфрлање на отпадот.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед  Шабани , планира да се продолжат овие активности во сите останати скопски општини.

„Во моментов, на територијата на градот Скопје се поставени вкупно 4218 контејнери со зафатнина од 1,1 м3 . Во текот на летниот период планираме да се изврши комплетно перење и дезинфекција на сите постоечки садови, како и на нивните микролокации, додека дотраените контејнери ќе бидат заменети со нови. На овој начин ќе се избегнат непријатните миризби од контејнерите што се карактеристични за овој период од годината и во голема мера ќе се зголеми нивото на хигиената на самите садови за отпад, како и нивната непосредна околина.“ – изјави директорот Шабани.

19.07.2018, 11:46 | 203 прегледи