02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЧИСТЕЊЕ НА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИОТ ЦЕНТАР „МАТКА“ ВО ПРЕСРЕТ НА ЕВРОПСКОТО КАЈАКАРСКО ПРВЕНСТВО

ЧИСТЕЊЕ НА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИОТ ЦЕНТАР „МАТКА“ ВО ПРЕСРЕТ НА ЕВРОПСКОТО КАЈАКАРСКО ПРВЕНСТВО

Во пресрет на Европското првенство во кајак што во периодот од 28 јули до 5 август 2018, се одржува во спортско-рекреативниот центар „Матка“, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, денеска и во текот на изминатите неколку дена вршеа чистење на целокупниот простор на Центарот.

Во рамките на активностите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, беше реализирано метење, како и отстранување на сите отпадоци коишто беа расфрлани на тревните површини, надвор од садовите наменети за собирање на отпадот.

„По повод одржувањето на Европското првенство во кајак што до 5 август ќе се одвива во спортско-рекреативниот центар „Матка“, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во овој период со свои дежурни екипи секојдневно ќе ја одржува хигиената на „Матка“, со цел сите учесници и гости да уживаат во овој спортски настан во што попријатни и поатрактивни услови.“- изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

29.07.2018, 12:32 | 81 прегледи