02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНА ЧАИР

МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНА ЧАИР

Во текот на денешниот ден екипите на ЈП „Комунална Хигиена" во соработка со Град Скопје, општина Чаир и ЈП “Паркови и зеленило” започнаа масовна акција за генерално чистење на главните и споредните улици во општина Чаир.

Во текот на денешниот ден екипите на ЈП Комунална Хигиена" во соработка со Град Скопје, општина Чаир и ЈППаркови и зеленило започнаа масовна акција за генерално чистење на главните и споредните улици во општина Чаир.

Во ова акција освен редовните, дневно се ангажирани дополнителни  40 работници, додека од механизацијата се употребуваат две автоцистерни, три мали специални комунални возила-кипер,едно специално мало комунално возило-метлачка, еден мал скип,а по потреба ќе се ангажира и големиот скип.

          Акцијата ќе трае неколку дена а освен чистење на јавните собраќајни површини, ќе бидат отстранети и создадените диви депонии. Се апелира до сите граѓани да се придржуваат кон комуналниот ред за да и тие придонесат за одржување на јавната чистота.

18.08.2018, 14:12 | 127 прегледи