02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Шестмечесен пресек на активностите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје

Шестмечесен пресек на активностите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје

Во периодот јануари-јуни 2018 година, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје собраа и транспортираа вкупно 74.301 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот.

Во периодот јануари-јуни 2018 година, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје собраа и транспортираа вкупно 74.301 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот.

Во истиот период беа организирани повеќе акции за генерално чистење на сите скопски општини, акции за чистење на поголемите скопски булевари и раскрсници и засилени активности за расчистување на кејот на реката Вардар.

Во овој период, екипите на Претпријатието беа ангажирани и во расчистувањето на вкупно 855 м3 диви депонии составени од градежен шут, земја, гранки и сл., на територијата на општините Гази Баба, Чаир, Кисела Вода, Аеродром и Бутел, додека од страна на Еко-патролата дополнително беа откриени и расчистени 485 м3 разновиден комунален отпад на повеќе локации низ градот.

Исто така, во Центарот за селекција на отпадот во Карпош беа исчистени 300 тони кабаст отпад насобран во рамките на акциите коишто се одвиваа во скопските општини во текот на изминатите три години.

Во таа насока, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ги информира граѓаните, својот кабаст отпад (застарен мебел, електронски и електричен отпад) да го одлагаат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, како и во претоварната станица во Шуто Оризари, што Претпријатието им го нуди без плаќање на паричен надомест. Доколку имаат потреба тоа да се изврши со специјалните возила на Претпријатието, услугата може да ја побараат на бесплатната телефонска линија080022233 и истата изнесува 893 денари со пресметан ддв.

 Во периодот јануари-јуни 2018 година, вкупно 207 дотраени контејнери со зафатнина од 1,1 м3 на 38 локации во општините Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Чаир и Кисела Вода беа заменети со нови садови, а се изврши  перење и дезинфекција на сите поставени контејнери во овие општини, како и на нивните микролокации.

Во делот на инвестициони вложувања се набавени две возила  - едно товарно моторно возило кипер со капацитет на сандук до 10м3, со вградена кранска рака, како и едно специјално возило наменето за заловување и транспорт на бездомните кучиња од скопските улици, што ќе се употребува од страна на специјализираната Служба за хуман третман и контрола, при секојдневните акции за заловување на бездомните кучиња коишто се транспортираат во стационарот „Вардариште“.

Во текот на изминатите шест месеци, од страна на Службата за хуман третман и контрола биле заловени вкупно 460 кучиња, од коишто 408 биле медицински третирани – стерилизирани и прочистени од внатрешни и надворешни паразити. Во рамките на стационарот „Вардариште“ биле вдомени 53 кучиња, додека останатите се обележани со ушна маркичка и вратени на местото на заловувањето. Службата за хуман третман и контрола во посочениот период подигнала и вкупно 225 мрши од скопските улици.

24.08.2018, 11:57 | 140 прегледи