02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ОТСТРАНЕТА ДИВА ДЕПОНИЈА ВО ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ

ОТСТРАНЕТА ДИВА ДЕПОНИЈА ВО ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ

Во скопската општина Шуто Оризари, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на денешниот ден во целост расчистија вкупно 390 кубни метри дива депонија, составена од градежен шут, кабаст отпад и мешан комунален отпад.

Дивата депонија се протегаше на потегот од автобуската постројка на последна 19-ка, покрај градските гробишта, до почетокот на патот за с.Кучевиште. Во акцијата за нејзино отстранување учествуваа 15 работници, а истата се реализираше во соработка со ЈП „Улици и патишта“. Од механизацијата беа употребени еден втоварувач, пет камиони и една автоцистерна.

25.08.2018, 19:45 | 160 прегледи