02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ТРИДНЕВНА АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА КИСЕЛА ВОДА

ТРИДНЕВНА АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА КИСЕЛА ВОДА

Во текот на изминатите три дена, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје реализираа акција за генерално чистење на општината Кисела Вода.

Во текот на изминатите три дена, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје реализираа акција за генерално чистење на општината Кисела Вода.

Во рамките на акцијата беше извршено рачно и машинско метење и миење на следните булевари и улици: Борис Трајковски, Србија, Христо Татарчев, Огњан Прица, Димо Хаџи Димов, Народни херои, Антон Попов, Востаничка, Павел Шатев и Наум Охридски.

На повеќе локации во општината, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје извршија расчистување на диви депонии претежно составени од кабаст отпад и градежен шут.

Во извршувањето на акцијата беа ангажирани 30 работници на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, додека од механизацијата беа употребени еден кипер, една метлачка и една автоцистерна.

 

31.08.2018, 11:37 | 53 прегледи