02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     КАМПАЊА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА ОДРЖУВАЊЕТО НА ХИГИЕНАТА ВО ОПШТИНАТА ЧАИР

КАМПАЊА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА ОДРЖУВАЊЕТО НА ХИГИЕНАТА ВО ОПШТИНАТА ЧАИР

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, денеска учествуваше во кампањата за подигнување на јавната свест за одржувањето на хигиената и чистотата и правилното третирање на отпадот, што беше промовирана по иницијатива на градоначалникот на општината Чаир.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, денеска учествуваше во кампањата за подигнување на јавната свест за одржувањето на хигиената и чистотата и правилното третирање на отпадот, што беше промовирана по иницијатива на градоначалникот на општината Чаир, Висар Ганиу.

На кампањата се придружија и директорите на повеќе јавни претпријатија и училишта, коишто упатија апел до  граѓаните и правните субјекти својот отпад да не го исфрлаат на јавни површини, со што го прекршуваат Законот за јавна чистота.

„Со задоволство ја прифатив поканата да бидам дел од оваа кампања и се надевам дека сите заедно ќе придонесеме за подигнување на јавната свест кај жителите на општината Чаир за значењето на правилното одлагање на отпадот, со што директно влијаат врз загадувањето на животната средина. Во пресрет на новата учебна година, апелирам граѓаните својот отпад да го одложуваат само во садовите поставени за таа намена и на тој начин да придонесат нивните деца да живеат во почиста и поздрава околина“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

01.09.2018, 13:13 | 128 прегледи