02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЗАПОЧНУВА МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА АЕРОДРОМ

ЗАПОЧНУВА МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА АЕРОДРОМ

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча и градоначалникот на општината Аеродром, Златко Марин, денеска го најавија почетокот на масовната акција за генерално чистење на оваа скопска општина.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед  Шабани, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча и градоначалникот на општината Аеродром, Златко Марин, денеска го најавија почетокот на масовната акција за генерално чистење на оваа скопска општина.

Акцијата ќе се одвива  во текот на претстојните неколку дена,

а во нејзините рамки ќе се изврши рачно и машинско метење и миење на сите поголеми булевари и улици на целокупната територија на општината Аеродром, како и расчистување на дивите депонии.

Во акцијата ќе земат учество вкупно 100 работници, додека на терен ќе се употреби голем дел од целокупната расположлива механизација: повеќе специјални комунални возила – метларки, патарки и ѓубретарки, едно специјално комунално возило-кипер, едно специјално комунално возило-пјаџо, еден втоварувач и две автоцистерни.

„Во текот на претстојните неколку дена, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, ќе бидеме ангажирани како на главните булевари и сообраќајници така и на сервисните општински улици во општината Аеродром. Акциите за генерално чистење ги започнавме во општината Ѓорче Петров, а во соработка со градоначалникот Шилгов ќе продолжиме во сите останати скопски општини. Апелираме до граѓаните правилно да постапуваат со својот отпад и на тој начин да ни помогнат да го одржиме нивото на хигиената и чистотата и да ја заштитиме животната средина.“ – изјави  директорот  Шабани.

03.09.2018, 12:14 | 334 прегледи