02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     AКТИВНОСТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИОТ ЦЕНТАР „МАТКА“

AКТИВНОСТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИОТ ЦЕНТАР „МАТКА“

Во текот на изминатите три месеци, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во повеќе наврати реализираа акции за генерално чистење на спортско-рекреативниот центар „Матка“.

Во текот на изминатите три месеци, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализираа неколку акции за генерално чистење на спортско-рекреативниот центар „Матка“, во чиишто рамки беше извршено метење, отстранување на расфрланите отпадоци, како и  миење со автоцистерни. Во спроведените акции учествуваа приближно 100 работници, додека од механизацијата беа употребени и специјални комунални возила – метлачки и патарки.

Во пресрет на Европското првенство во кајак што во периодот од 28 јули до 5 август 2018 се одржуваше во овој центар, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје со свои дежурни екипи секојдневно ја одржуваше хигиената на „Матка“, со цел овој значаен спортски настан да измине во попријатни и поатрактивни услови за учесниците и посетителите.

„И во претстојниот период планираме постојано да бидеме присутни во спортско-рекреативниот центар „Матка“ и се надеваме дека, во соработка со општината Сарај, ќе придонесеме да се зголеми атрактивноста на овој простор, којшто претставува една од најомилените локации за посета како на туристите така и на жителите на нашиот град.“- изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

05.09.2018, 14:56 | 84 прегледи