02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     СПРОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

СПРОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНАТА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на летниот период спроведоа акција за генерално чистење на општината Ѓорче Петров.

Екипите на ЈП Комунална хигиена“-Скопје во текот на летниот период спроведоа акција за генерално чистење на општината Ѓорче Петров, како и перење и дезинфекција на сите поставени контејнери за исфрлање на комуналниот отпад во оваа општина. Со помош на автоцистерни се изврши и перење на џебовите на микролокациите каде што се поставени контејнерите. Во рамките на акцијата сите стари и дотраени контејнери беа заменети со комплетно нови садови за исфрлање на отпадот.

06.09.2018, 10:54 | 275 прегледи