02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА ГАЗИ БАБА

АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА ГАЗИ БАБА

Во текот на денешниот ден започна акција за генерално чистење на општината Гази Баба.

Во текот на денешниот ден започна акција за генерално чистење на општината Гази Баба, во којашто ќе земат учество екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“.

 

Во акцијата ќе бидат ангажирани приближно 50 работници, а во нејзините рамки ќе се изврши рачно и машинско метење и миење на сите поголеми булевари и улици, како и расчистување на дивите депонии во оваа скопска општина. Од расположливата механизација ќе се употребат: две специјални комунални возила – патарки, две специјални комунални возила – метларки, едно специјално комунално возило-кипер, еден втоварувач и една автоцистерна.

 

Акцијата ја најавија градоначалникот на градот Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на општината Гази Баба, Борис Георгиевски, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча и директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, нагласувајќи дека истата ќе ги опфати населбите Хиподром, Маџари, Триангла, Ченто, Керамидница и Автокоманда.

 

 „Во рамките на акцијата ќе бидеме ангажирани и на главните булевари и сообраќајници и на сервисните улици во општината Гази Баба. Настојуваме со своите активности постојано да бидеме присутни во сите скопски општини, а не само во рамките на организираните акции за чистење. Апелираме до граѓаните и самите да дадат придонес во одржувањето на чистотата и хигиената, преку совесното однесување со отпадот и неговото селектирање.“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.  

10.09.2018, 12:11 | 60 прегледи