02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЕКО-ПАТРОЛАТА ВО ЗАЕДНИЧКИ АКЦИИ СО КОМУНАЛНИТЕ РЕДАРИ И ИНСПЕКТОРИТЕ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ

ЕКО-ПАТРОЛАТА ВО ЗАЕДНИЧКИ АКЦИИ СО КОМУНАЛНИТЕ РЕДАРИ И ИНСПЕКТОРИТЕ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ

Вработените во Eко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во координација со комуналните редари и комуналните инспектори при Инспекторатот на Градот Скопје, започнаa заеднички акции во сите скопски општини.

Вработените во еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во координација со комуналните редари и комуналните инспектори при Инспекторатот на Градот Скопје, започнаа заеднички акции во сите скопски општини, со цел поефикасно справување со неправилното одлагање на отпадот и санкционирање на прекршителите на Законот за јавна чистота.

Во текот на вчерашниот ден, Еко-патролата изготви девет информативно-едукативни записници за граѓаните што беа забележани како го одлагаат својот отпад надвор од контејнерите и кантите предвидени за таа намена. Овие лица беа соодветно санкционирани и од страна на комуналните инспектори.

Во текот на претстојниот период, екипите ќе продолжат секојдневно заеднички да дејствуваат во сите скопски општини. Секое забележано прекршување на Законот за јавна чистота, граѓаните може да го пријават на дежурниот телефон: 3216 644.

 

12.09.2018, 14:31 | 96 прегледи