02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ОДГОВОРНОСТА Е НАША, ЗА ПОЧИСТО СКОПЈЕ!

ОДГОВОРНОСТА Е НАША, ЗА ПОЧИСТО СКОПЈЕ!

Масовна акција за чистење на администрацијата на ЈП „Комунална хигиена“

По повод Глобалниот ден на чистотата, администрацијата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје организираше масовна акција за чистење на централното градско подрачје, под мотото „ОДГОВОРНОСТА Е НАША, ЗА ПОЧИСТО СКОПЈЕ!“. На акцијата се придружија и административците на ЈП „Паркови и зеленило“, „Водовод“ и ЈСП, учениците од СУГС „Јосип Броз“, ОУ „Димо Хаџи Димов“ и ОУ „Панајот Гиновски“, извидниците од извидничкиот одред „Методија Митевски Брицо“ и голем број на граѓани од нашиот град.

- „Денес сите сме во улога на нашите колеги коишто еднаш во текот на денот вршат празнење на садовите за отпад, ги метат и ги мијат скопските улици и јавните површини. Но, по завршувањето на нивните активности, хигиената на улиците, на зелените површини и околу контејнерите зависи само од постапките на граѓаните на Скопје, од нивниот однос кон отпадот и нивните навики. Одговорноста е заедничка, сите заедно да придонесеме да живееме во почист, поубав град и здрава животна околина!“ - изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

14.09.2018, 11:59 | 298 прегледи