02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     НОВИ КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ ВО СТАЦИОНАРОТ „ВАРДАРИШТЕ“

НОВИ КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ ВО СТАЦИОНАРОТ „ВАРДАРИШТЕ“

Кучињата од фотографиите во моментот се наоѓаат во стационарот за бездомни животни „Вардариште“ и чекаат да бидат вдомени.

Кучињата од фотографиите во моментот се наоѓаат во стационарот за бездомни животни „Вардариште“ и чекаат да бидат вдомени.

Овие кучиња по пристигнувањето во Стационарот биле прегледани од страна на ветеринарен доктор, при што е констатирано дека не се агресивни и немаат никакви заболувања. Тие поминале целосен медицински третман, во чиишто рамки се стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило.

Од вторник до сабота, во терминот од 09 до 13 часот, сите заинтересирани граѓани можат да го посетат стационарот „Вардариште“ и да си одберат куче за вдомување, а кучињата им се отстапуваат без паричен надоместок.

Во моментов, во стационарот „Вардариште“ четириесет кучиња чекаат вдомување. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици. ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ги повикува сите граѓани коишто планираат да купат миленик, да размислат за можноста во својот дом да му понудат љубов и грижа на некое од овие кучиња.

 

14.09.2018, 14:01 | 596 прегледи