02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА БУТЕЛ

АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА БУТЕЛ

„Комунална хигиена“-Скопје, во координација со Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ денеска започна повеќедневна акција за генерално чистење на скопската општина Бутел.

„Комунална хигиена“-Скопје, во координација со  Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ денеска започна повеќедневна акција за генерално чистење на скопската општина Бутел.

 

Во рамките на акцијата ќе се спроведе рачно и машинско метење и миење на сите булевари и сервисните улици, како и расчистување на дивите депонии во општината. Во акцијата ќе бидат ангажирани  приближно 45 работници, а од расположливата механизација ќе се употребат: две специјални комунални возила – патарки, две специјални комунални возила – метларки, едно специјално комунално возило-кипер и една автоцистерна.

 

Почетокот на акцијата го најавија градоначалникот на општината Бутел, Велимир Смилевски, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча.

17.09.2018, 12:22 | 101 прегледи