02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     JП „Комунална хигиена“-Скопје и Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања потпишаа Меморандум за соработка

JП „Комунална хигиена“-Скопје и Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања потпишаа Меморандум за соработка

Водени од потребата за остварување поблиска соработка изразена преку заедничка реализација на научно-истражувачки и апликативни проекти, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, и директорката на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ), проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска, потпишаа Меморандум за соработка.

Зацртаната цел и заложба на Меморандумот е граѓаните да добијат современи и подобрени комунални услуги, преку добивањето реални податоци за состојбата и потребите на терен коишто може да се осознаат преку истражувањата на ИСППИ. На тој начин, JП „Комунална хигиена“-Скопје на плански обмислен начин ќе може да го спроведува идното планирање на нови пристапи и технологии за задоволување на потребите на граѓаните.

JП „Комунална хигиена“-Скопје и ИСППИ  планираат и заедничко проектно аплицирање до донатори и фондови за поддршка на проекти од заемен интерес.

18.09.2018, 08:18 | 124 прегледи