02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ

АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА ШУТО ОРИЗАРИ

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска започна акција за генерално чистење на скопската општина Шуто Оризари.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска започна акција за генерално чистење на скопската општина Шуто Оризари. Акцијата ќе се одвива во текот на претстојните неколку дена, а во нејзините рамки ќе се спроведе рачно и машинско метење и миење на сите булевари и сервисните улици во оваа скопска општина. Во акцијата ќе бидат ангажирани  приближно 30 работници, а од механизацијата ќе се употребат: две специјални комунални возила – патарки, едно специјално комунално возило – метларка, две специјални комунални возила-кипер, еден втоварувач и две автоцистерни коишто ќе циркулираат во првата и во третата смена.

 Во присуство на градоначалникот на општината Шуто Оризари,  Курто Дудуш, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, го најави почетокот на акцијата нагласувајќи дека во оваа општина е најизразено присуството на „црни точки“ каде што константно се создаваат нови диви депонии.

 -Ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, со цел во рамките на акцијата да бидат расчистени дивите депонии во Шуто Оризари, коишто се создаваат како резултат на неправилното одлагање на отпадот од страна на граѓаните и на правните субјекти.“ - изјави Шабани.

20.09.2018, 13:53 | 106 прегледи