02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започнува со редовни активности во урбаниот дел на општината Сарај и во СРЦ „Матка“

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започнува со редовни активности во урбаниот дел на општината Сарај и во СРЦ „Матка“

На прес-конференцијата што денеска се одржа во СРЦ „Матка“, во присуство на градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на општината Сарај, Блерим Беџети, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани ја информираше јавноста дека ЈП „Комунална хигиена“-Скопје од први октомври ќе врши собирање и транспортирање на комуналниот отпад на урбаниот дел на територијата на општината Сарај, и тоа во населените места: Сарај, Љубин, Кондово, Крушопек, Лока, Грчец, Шишево, Глумово, Долна Матка, Арнакија и Рашче, како и во СРЦ „Матка“.

 „Одлуката за проширување на територијата на дејствување ја донесовме со една единствена цел - зголемување на нивото на чистотата и хигиената на што поголем дел од територијата на градот Скопје. Наша главна заложба како Јавно претпријатие останува со своите редовни активности секојдневно да придонесуваме граѓаните на Скопје да живеат во почиста и поздрава  животна околина.“ - изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

24.09.2018, 12:19 | 141 прегледи