02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА ЦЕНТАР

АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНАТА ЦЕНТАР

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во координација со Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, започна акција за генерално чистење на скопската општина Центар.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во координација со Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, започна акција за генерално чистење на скопската општина Центар.

 Во рамките на акцијата, во текот на вчерашниот и денешниот ден се изврши рачно и машинско метење и миење на реонот на скопското Кале, поточно улиците Лазар Личеноски и Самуилова.

Со активностите се опфатени сите  булевари, сервисните улици и мостовите во оваа скопска општина, како и кејот Димитар Влахов.

 Акцијата ќе се одвива и во текот на претстојниот викенд, а во нејзината реализација се ангажирани приближно 30 работници, додека од механизацијата се употребуваат: едно специјално комунално возило – патарка, три специјални комунални возила – метларки и една автоцистерна. Во текот на минатиот месец, на местото на старите и дотраени садови за собирање на отпадот,  ЈП „Комунална хигиена“-Скопје постави 82 нови контејнери во општината Центар.

28.09.2018, 09:59 | 117 прегледи