02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СТАРАТА СКОПСКА ЧАРШИЈА

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализираат акција за чистење на Старата скопска чаршија.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализираат акција за чистење на Старата скопска чаршија. Во рамките на акцијата се врши рачно метење и миење, како и собирање на отпадот што е одложен на јавните површини, надвор од контејнерите и корпите за отпадоци. Во активностите учествуваат 20 работници, а од механизацијата се користи едно специјално комунално возило – Викторија.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани, неодамна со претставниците на Здружението на еснафот на Чаршијата разговараше за одржувањето на чистотата и хигиената на оваа локација.

02.10.2018, 09:24 | 120 прегледи