02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Акција за вдомување бездомни кучиња во Стационарот „Вардариште“ ВДОМИ – НЕ КУПУВАЈ!

Акција за вдомување бездомни кучиња во Стационарот „Вардариште“ ВДОМИ – НЕ КУПУВАЈ!

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден посветен на заштитата на животните - 4 октомври, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во периодот од 4 до 10 октомври 2018 година, ќе организира отворени денови во Стационарот за бездомни животни „Вардариште“.

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден посветен на заштитата на животните - 4 октомври,  ЈП „Комунална хигиена“-Скопје  во периодот од 4 до 10 октомври 2018 година, ќе организира отворени денови во Стационарот за бездомни животни „Вардариште“. Во овој период, вратите на Стационарот ќе бидат отворени од 09 до 19 часот за сите љубители на животните коишто сакаат да си одберат куче за вдомување.

Кучињата што ги гледате на фотографиите во моментот се наоѓаат во Стационарот „Вардариште“ и чекаат да бидат вдомени. Овие 60 кучиња  се прегледани од страна на ветеринарен доктор, не се агресивни и немаат никакви заболувања. Тие се стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици.

Ги повикуваме љубителите на животни коишто планираат да купат миленик, да го посетат Стационарот „Вардариште“ и да размислат за можноста во својот дом да му понудат љубов и грижа на некое од овие кучиња. На сите заинтересирани граѓани, кучињата им се отстапуваат без паричен надоместок.

02.10.2018, 10:24 | 487 прегледи