02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     JП „Комунална хигиена“-Скопје потпиша Меморандум за соработка со организацијата „Храна за сите – БХМ – Скопје“

JП „Комунална хигиена“-Скопје потпиша Меморандум за соработка со организацијата „Храна за сите – БХМ – Скопје“

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, и директорот на Организацијата за поддршка и помош на социјално исклучени и сиромашни граѓани „Храна за сите – БХМ – Скопје“, Душко Христов, денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Соработката ќе се одвива при реализацијата на проектот „ВСС Ефект: Градење на капацитети и подобрување на надлежностите за ублажување на сиромаштијата“, финансиран преку ИПА-програмата на Европската унија.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и организацијата „Храна за сите – БХМ – Скопје“  преку Меморандумот договорија соработка при реализацијата на едукативните презентации за отпад и фрлање храна, наменети за учениците од училиштата, како и во насока на организација на јавна едукативна кампања за целите на овој Проект.

04.10.2018, 12:29 | 309 прегледи