02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИИТЕ НА ЕКО-ПАТРОЛАТА ЗНАЧИТЕЛНО ЈА НАМАЛИЈА ПОЈАВАТА НА ДИВИ ДЕПОНИИ

АКЦИИТЕ НА ЕКО-ПАТРОЛАТА ЗНАЧИТЕЛНО ЈА НАМАЛИЈА ПОЈАВАТА НА ДИВИ ДЕПОНИИ

Координираните акции на Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и комуналните редари од Инспекторатот на Градот Скопје резултираа со значително намалена појава на диви депонии и непрописно одлагање отпад од страна на граѓаните.

Во текот на изминатиот месец, Еко-патролата изготви 125 информативно-едукативни записници за граѓаните што беа забележани дека го прекршуваат Законот за јавна чистота, непрописно одлагајќи го својот кабаст отпад и градежен шут на јавни површини, а овие лица беа соодветно санкционирани и од страна на комуналните инспектори.

Еко-патролата и комуналните редари во текот на изминатиот месец вршеа 24-часовно дежурство на повеќе микролокации на следните булевари и улици: Никола Карев, АСНОМ, Максут Садик, Маџари, Перо Наков и Јуриј Гагарин, како и на локациите каде што се поставени подземни контејнери во општината Центар. Во рамките на акциите интервенираше и Дежурната служба при ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Еко-патролата и во текот на претстојниот период ќе продолжи со координирани акции во сите скопски општини.

05.10.2018, 13:19 | 267 прегледи