Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 15.10.2018 година, заклучно со 03.11.2018 година.
Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.
Раководствата на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје и ЈП Водовод и канализација - Скопје и во иднина ќе водат грижа за своите корисници преку носење на различни мерки и проекти што ќе бидат во интерес исклучиво на нашите корисници и на граѓаните на градот Скопје.
10.10.2018, 16:11 | 509 прегледи