02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Десет бездомни кучиња вдомени во рамките на акцијата „ВДОМИ – НЕ КУПУВАЈ!“

Десет бездомни кучиња вдомени во рамките на акцијата „ВДОМИ – НЕ КУПУВАЈ!“

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во периодот 4-10 октомври 2018 година, организираше отворени денови во Стационарот за бездомни животни „Вардариште“.

По повод Светскиот ден посветен на заштитата на животните - 4 октомври,  ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во периодот 4-10 октомври 2018 година, организираше отворени денови во Стационарот за бездомни животни „Вардариште“. Приближно 60 кучиња со поминат медицински преглед и третман им беа на располагање за вдомување на сите љубители на животните, а вкупно десет од нив беа вдомени.

ЈП „Комунална хигиена“  и понатаму ќе  продолжи со стандардните активности за заловување и третирање на бездомните кучиња од скопските улици во Стационарот „Вардариште“. Апелираме и ги повикуваме вистинските љубители на животните, да го посетат Стационарот и да размислат за можноста во својот дом да му понудат љубов и грижа на некое од овие бездомни кучиња, коишто им ги отстапуваме без никаков паричен надоместок. Овие животни не се агресивни и немаат никакви заболувања. Тие се стерилизирани, прочистени од внатрешни и надворешни паразити и вакцинирани од беснило. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици.

За сите граѓани коишто се заинтересирани за вдомување на бездомните кучиња, Стационарот „Вардариште“ е отворен од вторник до сабота, во терминот од 09 до 13 часот.

12.10.2018, 16:51 | 458 прегледи