02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје освои седум пехари на „КОМУНАЛИЈАДА 2018“

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје освои седум пехари на „КОМУНАЛИЈАДА 2018“

Во периодот 11-14 октомври 2018 година, во Охрид, се одржаа 25-тите традиционални Синдикални игри на СУТКОЗ при ССМ на РМ – „Комуналијада“, на коишто земаа учество и 150 вработени на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Во периодот 11-14 октомври 2018 година, во Охрид, се одржаа 25-тите традиционални Синдикални игри на СУТКОЗ при ССМ на РМ – „Комуналијада“, на коишто земаа учество и 150 вработени од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

 Екипите на 25 комунални претпријатија-членки на СУТКОЗ се натпреваруваа во спортски и во работни дисциплини, при што натпреварувачите од  ЈП „Комунална хигиена“-Скопје освоија седум пехари, постигнувајќи ги следните резултати:

Прво место во работната дисциплина изнесување смет – екипно;

Второ место во работната дисциплина миење јавни површини –екипно;

Прво место во спортската дисциплина куглање - за мажи;

Второ место во спортската дисциплина стрелање - за мажи;

Трето место во спортската дисциплина пинг понг - за мажи;

Трето место во спортската дисциплина мал фудбал - за мажи;

Трето место во спортската дисциплина шах – за жени.

15.10.2018, 11:19 | 1312 прегледи