02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Едукативна манифестација за селектирање и рециклирање на отпадот во ООУ „Дитурија“

Едукативна манифестација за селектирање и рециклирање на отпадот во ООУ „Дитурија“

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот на скопската општина Сарај, Блерим Беџети, денеска го означија почетокот на едукативната манифестација посветена на селектирањето и рециклирањето на отпадот, во организација на ООУ „Дитурија“ од скопската општина Сарај.

Директорот Шабани ги поздрави учениците на ООУ „Дитурија со порака дека ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжи со своите едукативни еко-предавања и работилници, со цел подигнување на свеста кај најмладата популација за значењето на примарната селекција на отпадот и одржувањето на здрава и чиста животна средина.

Во рамките на манифестацијата, учениците се претставија со свои драмски и музички точки, а едукаторите од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје организираа игри за селектирање и рециклирање.

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје на ООУ „Дитурија“  му донираше шест садови за селекција на отпадот, а директорот Абдусамед Шабани на учениците им подели училишни прибори, мајци и едукативни сликовници.

16.10.2018, 13:00 | 88 прегледи