02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ВИШОКОТ ХРАНА МОРА ДА СТИГНЕ ДО ГЛАДНИТЕ И СИРОМАШНИТЕ

ВИШОКОТ ХРАНА МОРА ДА СТИГНЕ ДО ГЛАДНИТЕ И СИРОМАШНИТЕ

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, денеска учествуваше на Јавната презентација и тркалезна маса на тема „Национално и европско законодавство и политики кои се однесуваат на фрлањето храна: Дали ни е потребен нов Закон против фрлање храна и/или промена на дел од постоечките закони?“.

Во своето обраќање, директорот Шабани нагласи дека на годишно ниво на депониите завршуваат над 5000 тони употреблива храна, количество што е доволно за секојдневно да се прехранат дури 13 000 луѓе.

„Моја лична определба е дека храна никогаш не смее да се фрла, таа мора да се искористи за да стигне до оние на коишто им е најпотребна – гладните и сиромашните. Лично ја користам секоја можност да донирам храна и кога би се овозможил институционален начин вишокот храна да не се фрла туку да се донира, значително би се намалил овој голем социјален проблем со којшто се соочуваат многу наши сограѓани.

Апелирам до граѓаните што помалку да исфрлаат употреблива храна во садовите за отпад, затоа што секое фрлено парче леб може да се искористи за исхрана на луѓето, или барем на животните.“ - изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

19.10.2018, 13:11 | 517 прегледи