ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ГЕНЕРАЛНА АКЦИЈА ЗА РАЧНО МИЕЊЕ НА СКОПСКИТЕ БУЛЕВАРИ И УЛИЦИ

ГЕНЕРАЛНА АКЦИЈА ЗА РАЧНО МИЕЊЕ НА СКОПСКИТЕ БУЛЕВАРИ И УЛИЦИ

 

ГЕНЕРАЛНА АКЦИЈА ЗА РАЧНО МИЕЊЕ НА СКОПСКИТЕ БУЛЕВАРИ И УЛИЦИ

 

Вчеравечер екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје започнаа генерална акција за рачно миење на булеварите и поголемите улици на територијата на градот Скопје.

Вчеравечер екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје започнаа генерална акција за рачно миење на булеварите и поголемите улици на територијата на градот Скопје. Почетокот на акцијата го опфати булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со улицата Рузвелтова кон центарот на градот.

Во зависност од временските услови, акцијата ќе продолжи и во текот на претстојните денови, а ќе се одвива во централното градско подрачје, како и во сите останати скопски општини. Миењето се изведува рачно со помош на три автоцистерни и едно помало специјално комунално возило – ВАП, коешто се употребува за чистење на плоштадот „Македонија“ и на улицата Македонија. Целта на оваа акција е подобрување на нивото на хигиената и чистотата на јавните градски површини, а паралелно со рачното миење ќе се одвива и редовното машинско миење на коловозите, коешто стандардно се реализира до крајот на месецот октомври.

 

[ сабота, 20 октомври 2018 ] [ 1551 ]

 

Вести

Back to top
Close Offcanvas Sidebar