02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ПРОДОЛЖУВА РАЧНОТО МИЕЊЕ НА СКОПСКИТЕ БУЛЕВАРИ И УЛИЦИ

ПРОДОЛЖУВА РАЧНОТО МИЕЊЕ НА СКОПСКИТЕ БУЛЕВАРИ И УЛИЦИ

Вчеравечер екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје продолжија со активностите за рачно миење на булеварите и поголемите улици на територијата на општината Центар.

Вчеравечер екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје продолжија со активностите за рачно миење на булеварите и поголемите улици на територијата на општината Центар. Со помош на пет автоцистерни и едно помало специјално комунално возило – ВАП, во рамките на третата смена се изврши рачно миење на тротоарите и коловозите на следните булевари и улици: 11-ти Октомври, Димитрије Чуповски, Кочо Рацин, Филип II, Св. Климент Охридски, Митрополит Теодосиј Гологанов, Кузман Јосифовски Питу, како и мостовите  Гоце Делчев, Слобода, Мајка Тереза и Мостот на револуцијата. Со активностите за рачно миење беа опфатени и плоштадот „Македонија“ и улицата Македонија.

Акцијата за рачно миење на скопските булевари и улици ќе продолжи во сите останати скопски општини.

 

 

22.10.2018, 10:01 | 140 прегледи