02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     КОРЕКТНО ИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ

КОРЕКТНО ИНФОРМИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, го демантира написот објавен на 24.10.2018, на порталот skopjeinfo.mk, под насловот „Скопска салата“, каде што се изнесени неточни тврдења во врска со активностите на Претпријатието во скопската населба Ченто.

Директорот на ЈП Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, го демантира написот објавен на 24.10.2018, на порталот skopjeinfo.mk, под насловот „Скопска салата“, каде што се изнесени неточни тврдења во врска со активностите на Претпријатието во скопската населба Ченто. Во прилог на неточната вест, овој портал објави и фотографија за којашто тврдеше дека е направена во текот на вчерашниот ден, а не соодветствуваше со моменталната состојба на терен.

Би сакале да ја информираме јавноста дека екипите на ЈП Комунална хигиена“-Скопје веднаш по објавувањето на оваа вест извршија проверка на посочената локација и констатираа дека садовите за собирање на отпадот се испразнети, а исчистена е и нивната непосредна околина.

Уште еднаш би сакале да потсетиме дека според Програмата за работа, ЈП Комунална хигиена“-Скопје врши празнење на контејнерите еднаш во текот на денот. Каква ќе биде состојбата со садовите за отпад и на јавните површини по завршувањето на нашите активности, зависи исклучиво од граѓаните на градот Скопје и нивните постапки. Во таа насока апелираме до нив да ги почитуваат посочените термини за одлагање на отпадот коишто се прилагодени со активностите на нашите екипи, со што ќе придонесат садовите за отпад и нивната околина што подолго да останат чисти и уредни.

Од друга страна, апелираме и до јавните гласила коректно и вистинито да ја информираат јавноста за нашите активности и на тој начин да ни помогнат во нашите заложби за зголемување на нивото на хигиената и чистотата и одржувањето на здравата животна околина во нашиот град.

 

 

25.10.2018, 10:04 | 252 прегледи