02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     JП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ И „ВОЛОНТЕРСКИ ЦЕНТАР СКОПЈЕ“ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

JП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ И „ВОЛОНТЕРСКИ ЦЕНТАР СКОПЈЕ“ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, и директорот на Здружението за волонтеризам „Волонтерски центар Скопје“, Никола Станкоски, денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, и директорот на Здружението за волонтеризам „Волонтерски центар Скопје“, Никола Станкоски, денеска потпишаа Меморандум за соработка, во насока на спроведување заеднички активности со цел - подигнување на јавната свеста за заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните.

Соработката ќе се реализира во општината Кисела Вода, а предвидени се активности за цртање графити со содржина што ќе ги информира граѓаните како соодветно да постапуваат со својот отпад и да ја заштитуваат животната средина и здравјето.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје секогаш им излегува во пресрет на невладините организации и здруженијата на граѓани, а во таа насока и овој пат понудивме целосна поддршка за време на спроведувањето на теренските активности на „Волонтерски центар Скопје“, со цел заеднички да придонесеме во подигнувањето на јавната свест за важноста и значењето на правилното постапување со отпадот.“ – изјави  директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

26.10.2018, 10:32 | 417 прегледи