02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ

СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ

Градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, во текот на денешниот ден реализираше работна посета на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, во текот на денешниот ден реализираше работна посета на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Скопскиот градоначалник беше информиран за активностите на административните сектори и служби, како и работните процеси во сегментот на собирањето и транспортот на комуналниот отпад,  состојбата на расположливиот возен парк и механоопременоста на Претпријатието.

„Во рамките на работната средба, го информирав градоначалникот Шилегов за активностите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, како и постојните проблеми со коишто се соочуваме при нашето дејствување на терен. Ги презентирав резултатите од расчистувањето на дивите депонии во сите скопски општини, каде што во изминативе 12 месеци бележиме значително зголемување од дури 716% собран отпад во однос на истиот период минатата година. Исто така, го запознав и со фактот дека во изминатиот период  беа поставени вкупно 434 нови контејнери со зафатнина од 1,1 м3 во општините Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Чаир, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром и Сарај, како и со позитивниот тренд во центрите за селекција на отпадот во Карпош и Вардариште, каде што во одредени сегменти има зголемување од дури 159%. За истиот период, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје бележи зголемување и кај количините на собран и транспортиран комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, а инсталиран е и gprs-систем за мониторинг на сите специјални комунални возила.“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани.

Директорот Шабани ја изрази својата подготвеност за понатамошна конструктивна соработка со градоначалникот Петре Шилегов, во насока на постигнување што подобри резултати и повисок квалитет на услугите и активностите на Претпријатието, како и поголемо задоволство кај крајните корисници – Градот Скопје и неговите граѓани.

02.11.2018, 13:03 | 220 прегледи