02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ОБУКА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО СЕКТОРИТЕ ЈАВНА И ИНДИВИДУАЛНА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА

ОБУКА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО СЕКТОРИТЕ ЈАВНА И ИНДИВИДУАЛНА КОМУНАЛНА ХИГИЕНА

Во насока на спроведување на препораките од работната посета на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во текот на изминатата недела беше извршен засилен надзор на работата во секторите Јавна комунална хигиена и Индивидуална комунална хигиена.

Во насока на спроведување на препораките од работната посета на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во текот на изминатата недела беше извршен засилен надзор на работата во секторите Јавна комунална хигиена и Индивидуална комунална хигиена. Истовремено, беше спроведена и обука на вработените во овие сектори, коишто беа едуцирани на кој начин да го подобрат  квалитетот на извршените работни задачи.

Во рамките на работната средба со градоначалникот Шилегов, разговаравме за потребата од спроведување обука и едукација на вработените коишто ги метат јавните површини во градот, ги мијат скопските улици и булевари и ги празнат садовите за собирање на отпадот од колективните и индивидуалните домаќинства. ЈП „Комунална хигиена“-Скопје го поседува Сертификатот MKC EN ISO 9001:2015 за имплементиран систем за менаџмент со квалитет, со следниот опсег: Селектирање, собирање, транспортирање и обработка на комунален отпад од физички и правни лица, одржување на јавната чистота во градски и други населени места, чистење (метење и миење) на јавни сообраќајни површини, заловување и третман на животни скитници и подигање на мрши од јавни сообраќајни површини. Вработените во Претпријатието секојдневно ги имплементираат сите зацртани стандарди, а ќе настојуваме и во иднина да го задржиме и надминеме квалитетот на нашите услуги и активности.“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед  Шабани.

09.11.2018, 12:20 | 201 прегледи