02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ДИРЕКТОРОТ ШАБАНИ СЕ СРЕТНА СО ЕНА МИТРЕВСКА

ДИРЕКТОРОТ ШАБАНИ СЕ СРЕТНА СО ЕНА МИТРЕВСКА

Младата Ена Митревска, вработена во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, е членка на групата танчери со Даунов синдром коишто како дел од македонската пара-денс репрезентација го освоија првото место на неодамна одржаното Светско првенство во модерни танци во Полска.

По тој повод, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, денеска имаше средба со Ена на којашто од срце ú го честиташе освоениот златен медал и се информираше за нејзините досегашни успеси и идни активности.

„Горд сум што личност како Ена работи во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Како директор, секогаш ќе се залагам за целосна инклузија на лицата со посебни потреби и ќе ги поддржувам ваквите спортски и уметнички настани.“- изјави директорот Шабани.

14.11.2018, 14:40 | 285 прегледи