02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Расчистена уште една дива депонија!

Расчистена уште една дива депонија!

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на денешниот ден расчистија уште една дива депонија .

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на денешниот ден расчистија уште една дива депонија што се протегаше на булеварот Никола Карев, на потегот од касарната Илинден до семафорите кај Момин поток. Во рамките на акцијата беа собрани и транспортирани приближно десет кубни метри кабаст отпад, градежен шут и мешан комунален отпад. Апелираме до граѓаните да престанат да го исфрлаат отпадот на јавни површини, бидејќи на тој начин се загадува животната средина!

29.11.2018, 13:31 | 126 прегледи