02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Директорот Шабани донираше новогодишни пакетчиња за пациентите на Kлиниката за детски болести

Директорот Шабани донираше новогодишни пакетчиња за пациентите на Kлиниката за детски болести

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, во празничните денови не ги заборави оние на коишто вниманието и грижата им се најпотребни.

Директорот на ЈП Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, во празничните денови не ги заборави оние на коишто вниманието и грижата им се најпотребни и преку своја лична донација им подари новогодишни пакетчиња на сите пациенти од Kлиниката за детски болести во Скопје. Шабани денеска ги посети овие дечиња, во друштво на претседателката на УО на ЈП Комунална хигиена“-Скопје, Маја Шајновска Андова.

„Во Kлиниката за детски болести дојдов со надеж дека овие мали јунаци ќе успеам да ги израдувам и да го разубавам нивното секојдневие. Најискрено им посакав брзо оздравување, многу радост и среќа во новата 2019 година. Во текот на целата година ќе бидам тука за нивните желби и потреби.“- изјави директорот Шабани.

18.12.2018, 14:11 | 533 прегледи