02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЕКИПИТЕ НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ ГО РАСЧИСТУВААТ СНЕГОТ ВО СИТЕ СКОПСКИ OПШТИНИ

ЕКИПИТЕ НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ ГО РАСЧИСТУВААТ СНЕГОТ ВО СИТЕ СКОПСКИ OПШТИНИ

Во текот на денешниот ден, 50 работници на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје со мултикултиватори го расчистуваат паднатиот снег на булеварите и улиците во сите скопски општини. Во целост беше расчистено централното градско подрачје, како и реонот околу Соборниот храм, а беше извршено и посолување на пешачките патеки и тротоарите на мостовите и на Старата чаршија.

Активностите на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат и во текот на вечерните и ноќните часови, во зависност од временските прилики и состојбата на терен.

06.01.2019, 13:25 | 294 прегледи