02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ПРОДОЛЖУВА СО РАСЧИСТУВАЊЕ НА СНЕГОТ ВО СКОПЈЕ

ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ПРОДОЛЖУВА СО РАСЧИСТУВАЊЕ НА СНЕГОТ ВО СКОПЈЕ

Во текот на денешниот ден, со 60 работници на терен, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со активностите за чистење на снегот и мразот на булеварите и улиците. Се расчистува реонот околу Градската болница, Државната болница и поголемите поликлиники, Владата и Собранието на РМ, централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, како и Старата чаршија. Непрестано се расчистуваат и посолуваат и пешачките патеки и тротоарите на мостовите Гоце Делчев, Слобода, Мајка Тереза и Камениот мост, за да се овозможи безбедно движење на пешаците. Од механизацијата на терен се употребуваат мултикултиватори, трактори со специјални четки и ножеви за снег, трактори со плуг и патарки за расфрлање на сол. Активностите продолжуваат и во текот на попладневните и вечерните часови.

10.01.2019, 14:26 | 350 прегледи