02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Акција за чистење на општина Центар

Акција за чистење на општина Центар

На петти и на шести декември 2017-та година, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје реализираше акција за генерално чистење на општината Центар, како дел од акцијата за масовно чистење на главниот град, во организација на Градот Скопје.

Во рамките на акцијата се изврши метење на сите главни и на споредните улици во општината, а беа расчистени и приближно 100 кубни метри диви депонии, сочинети главно од градежен шут и кабаст отпад.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во рамките на акцијата исто така го исчистија и просторот на кејот на реката Вардар, што беше целосно поплавен по неодамнешните поројни врнежи.

Во спроведувањето на акцијата дневно беа ангажирани 100 работници од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, додека од механизацијата се употребија: шест специјални комунални возила – метлачки, четири специјални комунални возила – патарки и два втоварувача.

Акцијата за генерално чистење на скопските општини ќе продолжи   во општината Карпош.

06.12.2017, 12:43 | 125 прегледи