02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ пронајдоа шок-бомба во вреќа со отпад

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ пронајдоа шок-бомба во вреќа со отпад

За време на извршувањето на своите секојдневни активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад, вработените во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје неретко се изложени на разни видови ризици и опасности.

Во текот на денешниот ден, во исфрлена вреќа со отпад на улицата Македонска преродба во скопската општина Ѓорче Петров, нашите оперативци забележале шок-бомба. Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје веднаш интервенирала, при што е констатирано дека станува збор за потенцијално опасен отпад од распрскувачки материи, за што била информирана и Полицијата којашто извршила увид на местото на настанот.

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелира до граѓаните заедно со својот комунален отпад никогаш да не исфрлаат токсични, опасни или штетни материи, коишто можат сериозно да го загрозат здравјето на вработените во Претпријатието коишто се секојдневно во контакт со отпадот при извршувањето на своите работни задачи.

21.01.2019, 20:20 | 339 прегледи