02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     СТОРИТЕЛИТЕ НА ПОЛЕСНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА ЌЕ ЈА ОДРАБОТУВААТ СВОЈАТА КАЗНА ПРЕКУ ОПШТОКОРИСНА РАБОТА ВО ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ

СТОРИТЕЛИТЕ НА ПОЛЕСНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА ЌЕ ЈА ОДРАБОТУВААТ СВОЈАТА КАЗНА ПРЕКУ ОПШТОКОРИСНА РАБОТА ВО ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ

Потпишан Меморандум за соработка со Управата за извршување на санкции.

 

 

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани и директорот на Управата за извршување на санкции при Министерството за правда на РМ, Јовица Стојановиќ, денеска потпишаа Меморандум за соработка при извршувањето на општокорисната работа како алтернативна мерка предвидена во Кривичниот законик на Република Македонија.

Преку овој Меморандум се создаваат услови за хуманизирање на казнувањето и давање втора шанса на сторителите на полесни кривични дела. Во таа насока, на овие лица ќе им се овозможи својот  престој во казнените институции да го намалат преку вршење општокорисна работа во јавните претпријатија на Градот Скопје. Во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе бидат вклучени во активностите на секторот за одржување на Јавната комунална хигиена.

„Со потпишувањето на овој Меморандум ќе ја поддржиме позитивната иницијатива за намалување на затворската популација и вклучување на заедницата во превоспитувањето, со заеднички пристап во идентификацијата на проблемите и нивното решавање.“- изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани.

 

  

 

 

01.02.2019, 09:32 | 186 прегледи