ЈП Комунална Хигиена - Скопје

  / Вести / ИНТЕРВЕНТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

ИНТЕРВЕНТНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

 

 ИНТЕРВЕНТНИ  МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО

 

ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ СПРОВЕДУВА МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ

Во рамките на интервентните мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во градот, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започна масовна акција за чистење што ќе се одвива на територијата на сите скопски општини.

Покрај стандардните активности за метење и чистење, поради поволните временски услови денеска се спроведува и машинско миење на булеварите и улиците со автоцистерни.

Генерално чистење се одвива и во реонот на Железничката станица и Транспортниот центар, додека изутринава се изврши и рачно миење со автоцистерна на плоштадот Македонија, каде што беше комплетно исчистен теренот по дислоцирањето на лизгалиштето.

Акцијата се реализира со целата расположлива механизација и ќе продолжи во текот на викендот и претстојната недела.

 

 

 

[ сабота, 02 февруари 2019 ] [ 1351 ]

 

Вести

Back to top
Close Offcanvas Sidebar