02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ДИРЕКТОРОТ ШАБАНИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ОД НАСЕЛБАТА ТОПААНА

ДИРЕКТОРОТ ШАБАНИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ОД НАСЕЛБАТА ТОПААНА

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје со месеци наназад се соочува со проблемот на неправилно одлагање на отпадот на улицата Максут Садик во населбата Топаана, во скопската општина Чаир, каде што континуирано се создаваат диви депонии, особено во реонот на игралиштето. Со цел да се спречи оваа појава, ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, во координација со Урбаната заедница во оваа населба, денеска подели дополнителни сто канти за собирање на отпадот од индивидуалните домаќинства. Директорот Абдусамед Шабани оствари средба со граѓаните, коишто ги информираше за динамиката на собирање на отпадот од страна на Претпријатието, како и за штетноста од создавањето на дивите депонии.

И покрај секојдневните интервенции од страна на нашите екипи, ова место претставува црна точка на којашто постојано се создаваат диви депонии што ја загадуваат околината и претставуваат закана за здравјето на граѓаните. Би сакал да нагласам дека не е надлежност ниту пак ингеренција на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје да ги превенира или казнува прекршителите на Законот за јавна чистота и во оваа прилика ги повикувам надлежните институции – инспекциските служби при Градот Скопје и општината Чаир да дејствуваат на терен, со цел да се спречи загадувањето на животната средина.“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани.

11.02.2019, 12:04 | 166 прегледи