02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОТПАДОТ ВО ДВОРОТ НА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „ПЕЛАГОНИЈА“

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОТПАДОТ ВО ДВОРОТ НА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „ПЕЛАГОНИЈА“

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје денеска започна акција за чистење на енормното количество на насобран отпад во дворот на студентскиот дом „Пелагонија“, во општината Кисела Вода. Почетокот на акцијата го означија директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани,  градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, како и градоначалникот на општината Кисела Вода, Филип Темелковски, коишто им се обратија на граѓаните со апел за совесно постапување со отпадот.

 „И покрај фактот дека чистењето на ваквите површини не е во наша надлежност, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе ги спроведе овие активности, со цел да се спречи ширењето на заразни болести и да се заштити животната средина. Oваа недела ќе ја посветиме токму на подигнувањето на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии коишто директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните. Секој ден во неделата ќе исчистиме по една црна точка - започнавме во Топаана, денес сме во студентскиот дом „Пелагонија“ и до крајот на неделата ќе посочиме уште неколку локации каде што и покрај секојдневните интервенции на нашите екипи постојано се создаваат диви депонии, како резултат на неправилното одлагање на отпадот од страна на граѓаните.“ - изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани.

 

 

 

12.02.2019, 14:32 | 517 прегледи