02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ПРОДОЛЖУВААТ АКЦИИТЕ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНИТЕ ТОЧКИ ВО ГРАДОТ

ПРОДОЛЖУВААТ АКЦИИТЕ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНИТЕ ТОЧКИ ВО ГРАДОТ

Во рамките на неделата посветена на подигнувањето на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот, ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје денеска започна акција за чистење на дивата депонија во дворот на Управната зграда на Заводот за згрижување „Ранка Милановиќ“, на улицата Перо Наков, во скопската општина Гази Баба.

Почетокот на акцијата го означија директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот на општината Гази Баба, Борис Георгиевски, коишто упатија апел до граѓаните совесно да постапуваат со својот отпад и на тој начин да ја заштитат својата животна околина.

„И оваа локација претставува  црна точка каде што континуирано се случува несовесно одлагање на отпадот и создавање на диви депонии. Наша крајна цел е во целост да ја спречиме појавата на овие црни точки на територијата на градот Скопје. Уверени сме дека тоа ќе го постигнеме само во соработка со граѓаните до коишто апелираме правилно да го одлагаат својот отпад, затоа што секој од нас преку својот однос и своите постапки сноси лична одговорност за заштитата на животната средина.“ - изјави  директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани.

13.02.2019, 12:21 | 616 прегледи