02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНАТА БУТЕЛ

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО ОПШТИНАТА БУТЕЛ

ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје  денеска започна акција за чистење на дивите депонии на територијата на општината Бутел. Почетокот на акцијата се одвиваше кај месноста Љуботенски пат, во близина на трафостаницата, каде што директорот Абдусамед Шабани и градоначалникот на оштината Бутел, Велимир Смилевски, им се обратија на граѓаните со апел совесно и правилно да го одлагаат својот отпад.

„ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје продолжува со активностите посветени на подигнувањето на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот. Се надеваме дека граѓаните ќе ја сфатат важноста на овие пораки и ќе разберат дека заштитата на животната околина во голема мера зависи од нивниот однос кон отпадот. Само на тој начин ќе ја спречиме појавата на црни точки на територијата на градот Скопје, каде што континуирано се создаваат диви депонии и покрај секојдневните интервенции од страна на нашите екипи.“-изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје, Абдусамед Шабани.

18.02.2019, 12:21 | 218 прегледи