02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈИЕ

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈИЕ

Потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката во областа на едукацијата, обуката на кадри и организирањето кампањи за подигнување на свеста кај населението за креирање и одржување на еколошки амбиент, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и Универзитетот на Југоисточна Европа, преку својот Институт за животна средина и здравје, денеска потпишаa Меморандум за соработка.

Со потпишувањето на Меморандумот, Универзитетот на ЈИЕ и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје се обврзаа на меѓусебна соработка и заемна помош и поддршка, со цел размена на искуства, знаења, едукација, практична настава на студентите и усовршување на кадри од различни области, како и соработка во иновативни проекти за зачувување на хигиената и заштита на животната средина.

Во рамките на настанот, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, како претставник на првата генерација дипломци на Универзитетот на ЈИЕ, пред студентите се претстави со презентација на работата и активностите на Претпријатието во изминатата 2018 година.

Ректорот на Универзитетот на ЈИЕ, проф.д-р Абдулменаф Беџети, во оваа прилика ги истакна досегашните успеси на раководниот тим на Претпријатието, а на директорот Шабани му додели Благодарница, во знак на добра волја за понатамошните заеднички проекти и активности.

 

20.02.2019, 15:13 | 414 прегледи