02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СУГС „МАРИЈА КИРИ СКЛОДОВСКА“

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СУГС „МАРИЈА КИРИ СКЛОДОВСКА“

ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје денеска започна акција за чистење на СУГС „Марија Кири Склодовска“ во општината Аеродром.

„Денешното чистење на дворот на средното училиште „Марија Кири Склодовска“ е една од низата акции што ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје ги спроведува во образовните институции во градот Скопје. По чистењето на студентските домови  „Пелагонија“ и „Гоце Делчев“, како и кампусот на УКИМ, денес сакаме да испратиме јасна порака до најмладите дека заштитата на животната средина е во нивни раце, а правилното постапување со отпадот е нивен избор.“- на почетокот на акцијата изјави помошник-директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Златко Христовски.

Директорот на СУГС „Марија Кири Склодовска“, Блерим Небиу, им се заблагодари на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје за нивната интервенција при расчистувањето на насобраниот отпад во дворот на училиштето, а акцијата ја поздрави и претставникот од општината Аеродром, Дејан Антовски.

22.02.2019, 11:42 | 774 прегледи