02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО АСОЦИЈАЦИЈАТА „АЈДЕ МАКЕДОНИЈА“

ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО АСОЦИЈАЦИЈАТА „АЈДЕ МАКЕДОНИЈА“

Како општествено одговорно претпријатие, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје потпиша Меморандум за соработка со Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, со цел поуспешна реализација на активностите поврзани со намалување на фрлањето храна на територија на градот Скопје, како и насочување на спасената храна од бизнис субјектите кон социјално загрозените граѓани. Со потпишувањето на Меморандумот за соработка, двете страни се обврзаа заеднички да имплементираат активности за подигнување на јавната свест за важноста на нефрлањето храна и изнаоѓањето законска рамка како вишокот храна да стигне до оние на коишто им е најпотребна - гладните и сиромашните.

„На годишно ниво на депониите завршуваат над 5000 тони употреблива храна, количество што е доволно за секојдневно да се прехранат дури 13 000 луѓе. Моја лична определба е дека храната никогаш не смее да се фрла и се надевам дека наскоро ќе се изнајде институционален начин како да се намали овој голем социјален проблем со којшто се соочуваат многу наши сограѓани.“ - изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

23.02.2019, 12:22 | 393 прегледи